More

    Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на Путин

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористички напад во предградијата на Москва.

    За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека Путин сите ги смета за терористи освен себеси.

    – Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на ТВ. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен самиот тој, иако теророт го поттикнува веќе 2 децении. Тој е најголемиот отворeна врата за терор. Тој и неговите специјалци. А кога ќе замине, со него ќе исчезне и потребата од терор и од насилство бидејќи тоа е негова потреба. Ничија друга – изјави синоќа Зеленски.

    Тој им се заблагодари на сите кои работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им треба поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img