Зеленски го покани Трамп во Киев да стави крај на судирот со Путин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Доналд Трамп во Киев, но под еден услов – да стави крај на војната, како што се пофали во една прилика.

Зеленски изјави дека поранешниот американски претседател е добредојден да го посети во главниот град на Украина се додека може да ја прекине војната со Русија во рок од 24 часа, како што еднаш изјави.

Трамп се пофали дека доколку е претседател, може веднаш да ја заврши војната со инсистирање на договор меѓу Зеленски и Путин. Трамп ова го поткрепи со аргументот дека има добри односи со двајцата претседатели. За време на неговата политичка кариера, Трамп повеќе пати го напаѓаше Путин, кој ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

– Да, те молам, Доналд, те канам во Украина, во Киев. Доколку можеш да ја прекинеш војната во рок од 24 часа, мислам дека ќе биде доволно да дојдеш во Киев, било кој ден кога сум тука – рече Зеленски во интервју за британскиот „Канал 4 Њуз“.

Украинскиот претседател додаде дека ако Трамп ја има формулата за завршување на војната, тој сака да знае за што станува збор.

„Политико“ пишува дека, иако Украина сака да ги негува односите со републиканскиот фаворит за нов претседател на САД и неговите сојузници пред изборите во САД во ноември, Зеленски ги има сите причини да биде претпазлив кон човекот кој нема апетит да ја продолжи поддршката за украинскиот отпор против руската инвазија.

Share This Article