More

    Поради ветер и наноси од снег има забрани за автобуси и товарни возила на одделни патни правци

    spot_img

    Врнежите од снег од утринава предизвикуваат проблеми во сообраќајот на државните патишта. На неколку патни правци воведена е забрана за автобуси и тешки товарни возила.

    Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08.40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

    Забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар.
    На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

    Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до учесниците на сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

    – Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни, велат од ова јавно претпријатие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img