More

    „Збогум сеништа“ од Надја Теранова во издание на „Антолог“

    spot_img

    Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“ ја објави книгата „Збогум сеништа“ од италијанската авторка Надја Теранова.

    Ида, главниот лик во овој роман, има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто пристигнува во Месина, својот роден град. Мајка ѝ планира да го реновира семејниот дом и да го продаде, па ја вика ќерка си да ѝ помогне при расчистувањето, да провери што сака да задржи.

    Опкружена со предметите од минатото, Ида е принудена да се соочи со траумата што ја има обележано. Дваесет и три години претходно исчезнал татко ѝ: едно утро просто си заминал и никогаш веќе не се вратил. Од неговото отсуство произлегува свирепиот молк кон мајката, идентитетот заснован врз неправилност, па дури и односот со сопругот, истовремено спас и бродолом. Отсликувајќи се во недостигот, Ида станува жена под силно влијание на стравот и на сомнежот кон секаков вид желба. Но сега, кога семејниот дом ја опседнува со своите сеништа, мора да најде начин да го прекине маѓепсаниот круг и да се ослободи од татко си.

    Книгата раскажува за опседнатоста со загубата, таа борба гради в гради што сите мора да најдеме начин да ја преживееме. Поетичен и интимен роман за изградбата на сопствениот идентитет, кој е добитник на повеќе награди, а „Кориере дела сера“ го вброи во десетте најдобри романи за 2018 година.

    Надја Теранова (1978) е италијанска писателка и преведувачка. Дипломирала филозофија. Пишува и за деца и за возрасни. Дебитира во 2012 година со роман за деца инспириран од животот на Бруно Шулц. Во 2015 година ѝ излегува првиот роман за возрасни. Соработува со голем број весници и списанија. Од 2021 година има своја рубрика во списанието „Венити фер“, во која пишува за современите жени.

    Во изданието на „Збогум, сеништа“ на македонски јазик преводот од италијански е дело на Калина Јанева, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img