Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата. Од друга страна, решението што го нуди овој политички субјект во однос на Преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти, реагира Алијанса на Албанците на повикот на опозициската партија да го следиме хрватскиот терм при уставните измени.
„Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење“, велат од Алијанса за Албанците.
Партијата на Арбен Таравари, која е нов коалициски владин партнер, порача дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што и припаѓа.
„Ова ја вклучува и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик“, порача Алијанса за Албанците.