More

    Османи вели дека декларацијата за Гоце ќе биде вртлог

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нѐ враќа назад во процесот на преговори со Бугарија за надминување на разликите и деблокадата на евроинтеграцијата на земјата.

    – Слична ваква иницијатива имаше ВМРО на Каракачанов во бугарското Собрание по однос на светите Кирил и Методиј. Сакаа Парламентот да ги дефинира историските прашања. Е сега тоа што имаат исти имиња партиите, не мора да имаат и исти ставови. Ако влеземе во таков натпревар, ние денес Гоце Делчев, утре бугарското Собрание уште посилен текст за Гоце Делчев, па ние потоа, ние влегуваме во маѓепсан круг на односи, не само со Бугарија, туку и генерално внатре во државата. Така што мислам дека не треба историјата да ја користиме како платформа за изградба на нашите политички кариери, за дневно-политичките прашања и препукувања. Ова се прашања за коишто е многу важно надпартиско единство за да се заштитат некои важни прашања за граѓаните и за државата, но, пред сѐ, тоа да не стане тема за дневно-политичко препукување – рече Османи во утринското гостување на емисијата Здраво Македонијо на ТВ Канал 5.

    Во рамки на договорените активности на работните групи формирани на заедничката меѓувладина седница што се одржа во бугарската престолнина на 25 јануари, неделава, на 10 или 11 февруари, двете министерства за надворешни работи, на Северна Македонија и на Бугарија, во Софија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите меѓу двете земји. На 10 ќе се одржи и состанок на Работната група за инфраструктура, а првиот лет на релацијата Софија-Скопје треба да се реализира на 11 месецов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img