Во Арачиново, место на десетина километри од Скопје, од автоматско оружје било пукано во возилото на градоначалникот на таа општина Ридван Ибрахими, објави скопската телевизија Телма.
Лицето за кое се вели дека е возач на градоначалникот има прострелни рани во пределот на градниот кош, јавува Телма.„Го внесуваме во салата. Тој има прострелни рани во градниот кош. Се работи за маж на околу 30 години. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала“, рече Телми во кус разговор со Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија на Клинички центар Скопје.
Пукањето се случило во понеделникот попладне. Во напад од автоматска пушка врз претседателот на општина Арачиново бил погоден еден од членовите на неговата придружба, а медиумите јавуваат дека жртвата е возачот.
Полицијата и итната помош се на лице место и во тек е увид.