More

    Две лица се повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево во населбата Лисиче, на булеварот 12 македонска ударна бригада во која учествувале три возила

    spot_img

    Две лица се повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево во населбата Лисиче, на булеварот 12 македонска ударна бригада во која учествувале три возила.

    Како што може да се забележи на самото место, две возила, „сузики свифт“ и „мазда 3“ биле застанати пред пешачкиот премин кога во нив со голема брзина удрило „ауди к5“ со скопски таблички. Од силината на ударот едното возило, „мазда 3“ прелетало во другата лента на околу 100 метри растојание, додека „сузукито“ е поместено дваесетина метри.

    Повредена е една жена која била во „маздата“ и со возило на брзата помош е однесена во болница. На повреди се пожалил и возачот во „сузикито“ кој беше прегледан од екипата на брзата помош која пристигна на местот на несреќата.

    Напомош веднаш притрчале вработените во полициската станица Аеродром која е лоцирана веднаш спроти местото на несреќата.

    Според очевидците на настанот, двете возила застанале на пешачкиот премин за да помине мајка со дете во количка, но за среќа таа и детето се не повредени бидејќи не одлучиле да минат.

    Како што може да се забележи и од фотографиите, трите возила се значително оштетени. Во моментов екипа на сообраќајната полиција врши увид, а повеќе информации се очекуваат за подоцна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img