More

    Западот смисли план за деескалација на ситуацијата во Косово

    spot_img

    Деескалацијата на оваа ситуација беше тема вчера во Кишињев на Самитот на Европската економска заедница, кога на иста маса се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Косово, Вјоса Османи, заедно со лидерите на ЕУ, Германија и Франција.

    Недолго потоа пристигна конкретен план за итна деескалација на ситуацијата, а негови автори се земјите од Квинтата и Европската Унија, пишува „Албенијан пост“. Тој има вкупно осум точки.

    Во воведниот дел се наведува дека до значителна деескалација може да дојде само со враќање на косовските Срби во институциите и нивно учество во демократските процеси.

    Исто така, се вели дека ЕУ и Квинтата (САД, Германија, Франција, Италија и Велика Британија) ја преземаат одговорноста за водење на процесот. Исто така, се наведува дека во секој чекор од процесот, конструктивно се ангажираат владите на Србија и Приштина, политичките партии на косовските Албанци претставени во новоизбраните општински тела и политичките партии на косовските Срби.

    Точка 1

    Како што наведува весникот, во првата точка пишува дека е потребно итно застапување за толкување на Основниот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во Охрид, особено во точките 1, 3, 7 и 9.

    Членот 1 од тој договор, инаку, бара од страните да развиваат нормални односи. Член 3. дека сите спорови треба да се решаваат по мирен пат. Членот 7 кој се однесува на создавање на самоуправни општини со српско мнозинство на Косово, како и член 9 каде и двете страни и донаторите се обврзуваат да креираат финансиски пакети за економски развој.

    Точка 2

    Втората точка предвидува повлекување на косовската специјална полиција од северот на Косово. Истовремено, Србија го намалува бројот на припадниците на српските вооружени сили околу административната линија.

    Точка 3

    Во третата точка пишува дека безбедноста во општините на северот на Косово е доверена на косовската полиција, со помош на КФОР и ЕУЛЕКС.

    Точка 4

    Четвртата точка предвидува прекин на сите протести и враќање на нормалниот живот. Редовните општински функции и служби продолжуваат со работа. Општинските простории се достапни за општинските службеници. Терминот „општински функционер“ се однесува на косовските граѓански, општински службеници.

    Точка 5

    Во средината на јули 2023 година, градоначалниците поднесуваат оставки, а претседателот Вјоса Османи бара нови избори.

    Точка 6

    Шестата точка предвидува одржување на тие избори кон крајот на август или почетокот на септември 2023 година.

    Точка 7

    Точките 3, 4, 5 и 6 се усогласени со значителен напредок во дефинирањето на рамката за самоуправа за заедницата на косовските Срби (член 7 од Основниот договор) и спроведувањето на член 1 од Основниот договор како чекор со добра волја.

    Точка 8

    Во средината на ноември 2023 година ефективно се имплементираат членовите 1, 2, 3, 7 и 9 од Основниот договор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img