More

    Залихите на Атина можат да бидат да ја променат играта за Киев

    spot_img

    Украина нема да остане со празни раце доколку средствата од САД останат блокирани во американскиот Конгрес. На помош може да дојде Атина и нејзините залихи на противвоздушниот систем С-300 д руско време, а во замена за ветување дека САД ќе ја одобри продажбата на 40 повеќенамески авиони Ф-35, пренесува „Слободна Далмација“ повикувајќи се на атински „Катимерини“.

    Дали ова може да значи пресврт во војната?

    Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека е договорен масовен трансфер на грчка одбранбена опрема во Киев, а покрај системите С-300, договорот наводно вклучува и друга советска опрема од грчката противвоздушна залиха: одбранбените противвоздушни системи „Тор“ и „Оса“ со краток дострел и двоцевните советски противвоздушни пиштоли ЗУ-23-2.

    Минатиот петок, американскиот Стејт департмент навистина одобри можна воена продажба на Грција на 40 повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација Ф-35, плус соодветна опрема, за вкупно 8,6 милијарди долари.

    Украина ја започна војната со руските агресори со околу 250 фрлачи за ракети земја-воздух со долг дострел С-300. Оружјето во моментов е доста исцрпено.

    Звучи невообичаено што Грција има прилично голема залиха на овие ракетни системи кои се од советско производство.

    Моделот кој Украина го користеше на почетокот на војната е развиен од Советскиот Сојуз во средината на 1980-тите, а се базира на шасијата на камионот 8х8 МАЗ-7910, за разлика од влечените системи С-300, кои имаат значително помала подвижност.

    Главниот тип ракета која ја користи Украина е 5V55R и има дострел од 90 километри. Ракета имао полуактивен радар и терминално наведување.

    Системот кој го има Грција е далеку подобрената верзија С-300ПМУ со подобрен радар и која може да истрелува ракети 48N6, чиј дострел варира од 150 до 250 километри. Се шпекулира дека Грција има најмалку 12 парчиња С-300, но не се знае дали се работи само за системите или таа бројка ги вклучува и ракетите.

    Системите С-3о0 од Грција ги имаат користено и други западни сојузници. Израел ги искористи за да се справи со заканите во Сирија и во Иран.

    Украина досега во војната доби неколку противракетни системи „Патриот“ од САД кои се единствените системи со долг дострел (до 300 километри) кои досега ги употреби. Се смета дека токму со ваков систем неодамна беше соборен рускиот воен транспортер „Иљушин ИЛ-76“ кој се урна под нерзјаснети околности, а украинската страна отпрвин се пофали со соборување за потоа да ја повлече изјавата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img