More

    Почна примената на мерката едно мерење на камионите на граничните премини со Србија

    spot_img

    Од денеска македонските компании кои увезуваат, извезуваат или транзитираат низ Србија, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, што за македонското стопанство ќе значи заштеда на време и пари, соопштија од Царинската управа.

    Оваа поволност за превозниците доаѓа откако директорот на Царинска управа на РС Македонија, Стефан Богоев и неговиот српски колега Бранко Радујко, минатиот месец потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали т.н. кантарски белешки помеѓу двете земји.

    Според договорот, доколку македонска компанија извезува во земји од Европска Унија, камионот се мери  само на излез од земјава, на граничен премин Табановце, а потоа ќе се мери дури на влез Хрватска или Унгарија.

    Лани, според податоците на Царинската управа  преку граничниот премин Табановце на влез се евидентирани речиси 140 илјади товарни моторни возила, а на излез 170 илјади камиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img