More

    Захарова за новите санкции

    spot_img

    Русија нема да ги остави без одговор агресивните дејствија на САД, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова, коментирајќи го воведувањето на нови антируски санкции од Вашингтон, јавија руските медиуми.

    – Како и секогаш во вакви случаи, Русија нема да ги остави таквите агресивни дејства без одговор – рече портпаролката.

    Повеќе од 30 физички лица и над 200 правни лица од Русија и Кина се додадени на списокот со санкции на САД. Конкретно, американското Министерство за финансии воведе санкции за Русгаздобича, Арктик ЛНГ-1, Арктик ЛНГ-3 и Московската берза.

    Американското Министерство за финансии објави нови санкции против повеќе од 300 субјекти и поединци кои имаат за цел да го прекинат пристапот на Русија до производите и услугите што и се потребни за поддршка на военото производство за војната во Украина.

    Најавата, заедно со новите извозни ограничувања на Министерството за трговија за полупроводници и други технолошки добра, дојде во пресрет на самитот на лидерите на Г7 во Италија, каде што напорите за ограничување на растечката воена економија на Русија ќе бидат клучна тема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img