More

    Паднал во провалија, телото го ваделе со хеликоптер

    spot_img

    Турист од Бугарија го загубил животот откако паднал во бездна при обид заедно со негов сонародник да се искачи на планината Језерце (албански Алпи).

    По добиената порака од другиот бугарски турист, кој изгубил контакт со починатиот, почнала копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили.

    По неколкучасовна потрага, пронајдено е телото на бугарскиот турист.

    Вчера беа спасени четворица германски туристи блокирани во истата туристичката област, Тет на албанските Алпи, северна Албанија.

    Националната агенција „Цивилна заштита“ ги повикува туристите да бидат внимателни и да ги следат упатствата на специјализираните водичи за неистражени и опасни подрачја.

    – Искачувањето до Језерце, од Тет, бара многу добра физичка подготовка бидејќи се потребни до 8 часа искачување на многу тежок терен и секако многу добро познавање на областа. Голем дел од странските туристи претпочитаат да се искачуваат без локален водич – наведуваат од агенцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img