More

    За судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје

    spot_img

    Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред – Предлог за избор на судија на Уставниот суд.

    Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

    Вчера во Собранието СДСМ го повлече предлогот Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.

    – Пристојно е да се дадат два-три збора. Нанесена ми е штета. Ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади – реагираше Јовески по информацијата дека нема да биде предложен за уставен судија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img