Напаѓачот на Еквадор, Енер Валенсија е првиот играч кој постигнал гол на Светското првенство во Катар.
Валенсија прв погоди во 3. минута, но неговиот гол беше поништен поради ВАР. Сепак, во 16. минута Еквардор поведе, а стрелец беше Валенсија од пенал.
За прв пат во историјата на Светските првенства, првиот гол беше постигнат од пенал.
Добрата форма Валенсија ја потврди во 31. минута кога погоди за 2:0.