More

    Еве какви се очекувањата на селекторот Кире Лазаров

    spot_img

    Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови.

    Првиот натпревар ќе го играме на гостински терен.

    Другите двојки се:

    Финска/Литванија – Унгарија
    Белгија/Италија – Црна Гора
    Грција – Холандија
    Романија – Чешка
    Шпанија – Србија
    Словенија – Швајцарија
    Португалија – Босна и Херцеговина
    Исланд – Естонија/Украина
    Полска – Словачка/Изреал
    Грузија – Австрија.
    Селекторот Кирил Лазаров се огласи по ждрепката во Келн, по која македонската репрезентација го доби противникот за баражот за Светското првенство во 2025 година.

    – Добивме квалитетен противник, кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на Светското првенство во 2025 година – рече нашиот селектор.

    Од Европа, директен пласман на Светското идната година обезбедија ко-домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, како и Франција, Шведска и Германија три од четирите најдобри на Европското првенство кое е во тек.

    Плејоф-пресметките за пласман на Светското првенство 2025 се закажани за 8 и 12 мај оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img