More

    За прв пат беспилотни летала нападнаа претпријатија на територијата на Татарстан, во Јелабуга и Нижнекамск

    spot_img

    За прв пат беспилотни летала нападнаа претпријатија на територијата на Татарстан, во Јелабуга и Нижнекамск, објави прес-службата на шефот на Татарстан, Рустам Миниханов. Ова е еден од најдлабоките напади со беспилотни летала на Украина на руска територија.

    -Нема сериозни разурнувања, не е нарушен технолошкиот процес на компанијата. За жал, во Јелабуга има објекти кои се оштетени како резултат на експлозијата. Се обезбедува сета потребна помош. Сега е исклучително важно да останеме смирени и да не се предадеме на паниката што одговорните за ова злосторство намерно се обидуваат да ја посеат – рече Миниханов.

    Шефот на Татарстан потврди дека службите се во готовност. Оперативните служби за државната новинска агенција ТААС потврдија дека најмалку седум лица се повредени во Јелабуга.

     

    – Досега е утврдено дека седум лица се повредени како резултат на нападот со дрон – изјави изворот на ТААС.

    Тој истакна дека во нападот се искршени стаклата на три згради од студентски домови. Претходно беше соопштено дека шрапнели повредиле возрасен и двајца тинејџери.

    Според извештаите, местото на ударот е на повеќе од 1.200 километри од украинската граница. Се наведува дека беспилотните летала Шахед камиказе се произведуваат во Јелабуга, додека во Нижнекамск има голем петрохемиски комплекс. Дел од медиумите известуваат дека била погодена рафинерија за нафта во Нижнекамск.

     

    Тоа беше еден од најдлабоките напади со беспилотни летала на Украина на руска територија.

    Рафинеријата за нафта Танеко е една од најголемите и најновите во Русија. Нејзиниот производствен капацитет изнесува околу 360.000 барели дневно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img