More

    Српскиот портал Ало и други српски медиуми издвојуваат пет неразјаснети детали во исчезнувањето на двегодишната Данка во Бањско Поле во Србија

    spot_img

    Српскиот портал Ало и други српски медиуми издвојуваат пет неразјаснети детали во исчезнувањето на двегодишната Данка во Бањско Поле во Србија. По девојчето се трага веќе осми ден.

      1. Дали е чудно што, по многу години, мајката ги донела децата да си играат во разрушена куќа во селото.
      2. Мајката ги донела децата во куќата на ден кога врнело дожд.
      3. Мајката Ивана Илиќ рекла дека Данка исчезнала во мигот кога таа отишла до куќата да му даде вода на другото дете. Но, кога полицајците дошле на терен ја нашле куќата заклучена.
      4. Мајката не го паркирала автомобилот од страна на куќата покрај патот, иако имало место, туку се паркирала позади шталата.
      5. Мајката тврди дека Данка исчезнала кај 13.45 часот и дека потоа му јавила на сопругот кој од работното место во Бор дошол во Бањско Поле. Но, камерите на патот го снимиле автомобилот на таткото во 13.15 часот.

    Откако се појавија снимки од две Романки во Виена кои се со девојче за кое се шпекулира дека е малата Данка, српската полиција ја прошири истрагата за случајот. Полицијата ја разгледува и можноста Данка да била продадена за посвојување наместо киднапирана.

    Мајорката на српската полиција за медиумите изјави дека во оваа фаза на истрагата сите опции остануваат отворени:

    – Не исклучуваме никаква можност, истрагата е исто така многу динамична, имаме голем број на проверки, има големо количество материјал и се проверува и најмалата индикација дека може да се поврзе човек… Елиминацијата (на осомничени) ќе продолжи кога ќе го добиеме несомнениот факт дека некој не може да се поврзе со исчезнувањето – рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img