More

    За 4 години наплатила само 1,7 милиони евра од 29 концесионери

    spot_img

    Државата за четири години (2018-2022) наплатила само 45 милиони евра од концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини од 257 концесионери кои поседуваат 348 концесии. Концесионерите доцнат со уплата на надоместоците, а дел од нив самоиницијативно ги прошириле границите на концесиските површини, утврдиле ревизорите.

    Во извештајот од извршената ревизија која се однесува на експлоатација на минералните суровини, со посебен осврт на мермер се наведува дека во концесискиот надоместок од 45 милиони евра влегуваа: 4,6 милиони евра за користење на простор од 333,73 квадратни километри и 40,2 милиони евра за експлоатирани количини минерални суровини. Во вкупниот износ се и каматите за ненавремено плаќање по двата основа кои изнесуваат 99.772 евра.

    Надоместоци за експлоатација на минерални суровини.

    За истиот период ревизорите утврдиле дека се наплатени помалку пари од концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во износ од 341.000 евра. Од нив речиси 160.000 евра по основ на простор, 88.146 евра по основ на експлоатирана минерална суровина и 94.715 евра по основ на пресметана, а ненаплатена камата и ненаплатен надоместок по записници од УЈП.

    По утврдениот рок односно по истекување на законски утврдениот рок наплатени се вкупно 19 милиони евра по основ на концесиски надоместок за простор и експлоатирана количина на минерални суровини.

    „Во периодот на известување од ревизијата од вкупниот износ уплатени се 136.000 евра за концесиски надоместоци и камата, а по основ на дадените препораки од претходната ревизија наплатена е камата во вкупен износ од 99.772 евра која се однесува за периодот 2016-2022 година, што претставува додадена вредност во остварување на буџетски приходи“, се наведува во извештајот.

    Ревизорите се уверени дека висината на надоместоците за користење простор кои се определени во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

    „Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена наплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над реализацијата на склучените договори“, наведуваат ревизорите.

    Во однос на експлоатацијата на мермерот кој е во фокус на извештајот, ревизорите утврдиле дека државата од надоместок на концесија добила само 1,7 милиони евра од 29 концесионери на мермер.

    „Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248.000 денари или 1,7 милиони евра за периодот од 2018 до 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот“, заклучува ревизорот.

    Ревизорите утврдиле дека 2 концесии за ископ на минерални суровини експлоатирале надвор од дозволата за експлоатација што ја поседуваат концесионерите на вкупен простор од 9.989 квадратни метри.

    „Тоа создава ризик концесионерите да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини надвор од експлоатационото поле“, наведуваат ревизорите.

    Со извршената ревизија, ревизорите утврдиле и дека на национално ниво не е донесена долгорочна стратегија за оптимално искористување и управување со минералните суровини повеќе од 11 години, а активностите за нејзино изготвување се започнати во 2022 година, со рок на донесување до април 2024 година, додека законската регулатива која ја третира предметната област е изложена на чести измени и дополнувања, а одредени одредби не се доволно јасни и прецизни што создава несигурност при нивна примена.

    Според ревизорите, државата нема систем за следење на плаќањето на надоместоците и преземање навремени мерки.

    Надоместоците за концесиите за експлоатација на минерални суровини се утврдени во посебен тарифник. 

    Во  оној од 2020 година овој надоместок се движи од 1 до 5% од пазарната вредноста на секој минерал. за рудата е определено тоа да биде по количина тон, а за другите минерали се утврдени и пазарните цени.

    Концесионерот кој што врши експлоатација на минерални суровини е должен да плаќа: годишен надоместок за користење на просторот и надоместок за експлоатирана (продадена) количина на минерална суровина, предмет на концесијата. Средствата се уплатуваат на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка и се 22% приход на државниот Буџет и 78% приход на буџетот на општината на чие подрачје се врши концесиската дејност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img