За 18 проценти се зголемил бројот на потврдени случаи на ковид-19 во Грција во изминатата седмица, додека, пак, бројот на починати е намален за 17 отсто, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 5 до 11 декември 2022 година биле регистрирани 51.824 случаи на ковид-19, од кои 30 проценти се реинфекции, а починаа 130 лица.
Направени биле 663.626 тестови, со стапка на позитивност 7,81 отсто.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.500.737 случаи на ковид-19, а починаа 34.614 лица.