More

    WhatsApp воведува нова функција

    spot_img

    Апликацијата WhatsApp воведе можност за одговарање на пораки со кратки видеа.

    Имено, корисниците на WhatsApp ширум светот можат да испратат видео порака која трае до 60 секунди, заедно со говорна порака.

    „Воведуваме функција која ќе им овозможи на корисниците веднаш да снимаат и споделуваат видео пораки во разговорите на WhatsApp. Тоа е едноставно како испраќање кратка говорна порака“, напиша извршниот директор на Мета, Марк Закерберг на својот Фејсбук профил.

    Корисниците треба да ги ажурираат своите апликации WhatsApp на паметните телефони, а потоа можат да почнат да испраќаат видео пораки со неколку кликања.

    Сè што треба да направите е да влезете во разговорот со личноста на која сакате да испратите видео, притиснете ја иконата за микрофон за да се префрлите на иконата на камерата и задржете ја за да го снимите видеото. Потоа ќе се појави исечок од камерата во облик на круг и корисникот може да снима.

    Испратените видеа ќе се прикажуваат веднаш во разговорот, но без звук, за да не се доведат корисниците во непријатна ситуација. Оние кои сакаат звук ќе мора да кликнат на видеото.

    WhatApp забележува дека видео пораките се заштитени со шифрирање, за да се увери дека ќе ги видат само примачите на кои сте ги испратиле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img