Неодамна, речиси и да не поминува ден без вести за една од најкористените апликации за пораки меѓу корисниците. Овој пат во заднините на интернетот се шушка дека Мета решил да воведе новитет поврзан со корисничките имиња во WhatsApp.
Ако им се верува на интернет гласините, наскоро ќе можеме да користиме посебни кориснички имиња на WhatsApp. Зошто? Никому не му е баш јасно, но интернет гласините сугерираат токму таков развој на ситуацијата, пренесува tportal.
Имено, страницата WAbetaInfo преку бета програмата на Google Play дојде до верзијата на WhatsApp со ознака 2.23.11.15., која содржи можност за поставување на корисничко име. Наводно ќе биде достапен во идното ажурирање на апликацијата. Тие открија дека WhatsApp планира да им овозможи на корисниците да избираат уникатни имиња за нивните сметки. Иако оваа функција се уште е во развој, тие објавија и скриншот кој покажува како треба да изгледа.
Според овие гласини, корисничкото име ќе биде избрано во поставките на апликацијата, поточно во делот Settings > Profile.
Со оваа функција, корисниците на WhatsApp ќе имаат можност да додадат уште еден слој на приватност на нивните сметки по надградбата. Ова значи дека наместо да се потпираат само на телефонските броеви за да ги идентификуваат контактите, тие исто така ќе можат да се одлучат за единствено корисничко име. Дозволувајќи им на другите корисници да избираат кориснички имиња, WhatsApp може да понуди можност за контакт со други луѓе со внесување на самото корисничко име во апликацијата, без да се знаат нивните телефонски броеви.
Бидејќи оваа функција е сè уште во развој, прерано е да се разбере зошто и како ќе функционираат корисничките имиња на WhatsApp. На корисниците би можело да им се дозволи да комуницираат приватно со компаниите, чувајќи ги нивните телефонски броеви и вистинските имиња скриени, или можеби нивната употреба би била уште пообемна, овозможувајќи приватна комуникација со кој било друг корисник.
Сето горенаведено се уште е на ниво на гласини, а кога надградбата ќе биде јавно достапна за корисниците се уште не е познато, дознава WAbetaInfo.