Српскиот претседател Александар Вучиќ знае да ги користи социјалните медиуми. Неговите видеа поставени на овие медиуми редовно стануваат хит.
Последното виде поставено на Инстаграм е од новоизградениот автопат, во кое вози автомобил „шкода“,кој, како што вели, е стар 17 години. Како и најголемиот дел од возачите тој пушта радио и потпевнува, но и коментира дека многу често возачите не ги почитуваат сообраќајните правила.
Српскиот претседател не заборава и да каже дека „Србија е најубавата земја на светот“.
Видеото предизвика бран од коментари почнувајќи од тоа дека ја слави Србија, дека вози стара „шкода“, па се до тоа дека го обезбедил семејството до 18 колено.