More

    Веројатно сме општина рекордер по најмалку дадени дозволи за градба на згради

    spot_img

    Општината треба да служи на граѓаните, а не на личниот интерес, вели во интервју за дневниот весник „Вечер прес” го вели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

    Тој додава дека Аеродром од општина со административна нераспонзивност и каде што претходно се трошеле пари за угостителски услуги и спа центри, денес е пример за транспарентно работење, одговорно трошење на јавните пари и општина рекордер по бројот на најмалку издадени дозволи за изградба на станбени згради.

    Според Муцунски првите најзначајни исчекори што ги направило актуелното општинско раководство е промената на културата и начинот на однесување спрема институцијата преку кратење на средствата за репрезентација и патни трошоци.

    -Првите најзначајни исчекори што ги направивме е промената на културата и начинот на којшто се однесуваме спрема институцијата општо. И тоа се некогаш симболични чекори што покажуваат како ние сметаме дека јавните институции треба да бидат третирани. Рековме дека градоначалникот нема да има средства за презентација и за патни трошоци, дека градоначалникот нема да користи службен телефон и службено возило. Не само за градоначалникот, истите правила ги воспоставивме и за претседателот на Советот, што е нешто што не се случило во општината од моментот на своето постоење -вели Муцунски..

    Тој е дециден дека по неговото доаѓање во Аеродром сменет е третманот кон урбанизмот и денес Аеродром е рекордер по бројот на најмалку издадени дозволи за изградба на станбени згради.

    – Веројатно сме рекордери по бројот на најмалку издадени дозволи за изградба на станбени згради. Пренаменивме многу локации на кои беа предвидени станбени згради во локации за паркови и зеленило и токму на една од тие клучни локации, зад ТЦ „Лиса”, во моментов се работи на изградба на нов парк и очекувам на почетокот на пролетта да добиеме парк од 6.000 квадратни метри – вели Муцунски.

    Муцунски говори и за реализираните проекти и опструкциите од централната власт.

    -Кога ќе направите споредба ќе видите, од едната страна на централната власт има многу ветувања на хартија. Јас ја направив таа споредба на програмата на СДСМ за последните парламентарни избори која потоа се преточи во програма на Владата, каде што има многу конкретни ветувања за Аеродром, ветувања од централната власт дека таа ќе изгради градинки во Аеродром, дека таа ќе изгради гимназија во Аеродром, дека ќе изгради иновациски и хаб за млади, дека ќе вложи во реконструкција на одредени патишта и улици во Аеродром. И кога ќе ја видите таа споредба што ветила оваа Влада за Аеродром и што релизирала до 2024 година, бидејќи тоа е влада која заради формирањето на техничката влада, има уште ден месец од својот мандат, ќе видите многу ветувања на хартија и ништо од тоа што е ветено – вели Муцунски.

    Муцунски најавува новогодишно украсување на општината кое, како што вели, ќе донесе радост и позитивна атмосфера во пресрет на новогодишните празници.

    -Во првите две години од нашиот мандат заради таквата енергетска и економска криза моравме многу да штедиме. Не дека и сега не штедиме, но донесовме проценка дека е потребно да инвестираме во претпразничниот период, насочена кон создавање на една попозитивна и поведра атмосфера во нашата општина. Деновиве почнуваме со новогодишно украсување на локации што се под надлежност на општина Аеродром (Паркот „Авионче”, Детската улица Тоше Проески, Паркот „Јане Сандански” улица Островска) и на други локации на територијата на општината. Ќе организираме и предновогодишен базар кај Паркот „Авионче”, кој ќе биде фокусиран на промоција на македонско вино, ќе настапат голем број уметници, најголем дел домашни, локални уметници, што значи дека со скромните средства што ги имаме на располагање ќе дадеме свој инпут за новогодишните празници да бидат поубави и поведри, во празнична атмосфера – заклучува Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img