Имаме многу работа наутро, а често немаме доволно време за тоа.
Не нервираат гужви, премалку места за паркирање, доцнење на автобусите, деца кои тешко се будат и бавно се подготвуваат за на училиште, домашно милениче што мора да излезе надвор, кошула што треба да се пегла… Не е навистина чудно што 7.23 часот е најстресното време од денот.
Токму тоа го заклучиле научниците од Англија по истражувањето, кои прашале 2.000 возрасни луѓе кога чувствуваат најголем стрес.
А поради постојаните утрински стресови, кои влијаат и на нашата дневна продуктивност и го загрозуваат нашето здравје, пресметале дека тоа е во просек во 7:23, пренесува zivim.gloria.hr.
Интересно е што луѓето чувствуваат стрес уште пред да ја доживеат својата прва дневна „драма“.
Жените обично се среќаваат со својата прва пречка во денот малку порано од мажите, во 7:50 часот наутро, додека мажите со првиот утрински проблем се соочуваат околу еден час подоцна, во 8:43 часот.
Покрај тоа што негативно влијае на менталното здравје, хроничниот стрес може да предизвика или влоши многу болести и состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, автоимуни состојби, дијабетес…
Постојат многу методи за опуштање од стресот кои е добро да се научат и применуваат, а најважно е да разбереме на што не можеме да влијаеме, а потоа да бидеме помалку нервозни за такви работи, пренесува Данас.