Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места.
Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираше УХМР.
Утре ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.