Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.