More

    Воодушевен е од работата на градоначалникот на Кисела Вода

    spot_img

    „Јас често одам во Кисела Вода. Во јавноста можеби имате еден од најактивните градоначалници, бидејќи тој по цели денови објавува статуси на Фејсбук. Човекот работи и во сабота, но јас не видов ништо сработено во Кисела Вода“.

    Ова го изјави експремиерот и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, обвинувајќи го градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дека не си ја врши својата работа како што треба.

    Од друга страна, пак, помеѓу граѓаните, особено помеѓу жителите на оваа општина, преовладува општо задоволство од досега сработените проекти.

    Тоа задоволство, очигледно, преовладува и кај Ќирил Гајдов, координаторот на советничката група на СДСМ во Велес, кој има сосема спротивно мислење од својот партиски лидер во поглед на работата на Ѓорѓиевски.

    Гајдов отворено зборува за тоа дека Општина Кисела Вода цвета откако Ѓорѓиевски е градоначалник, бидејќи, како што рече, без разлика на тоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, човекот ја реализираше целата своја програма уште во првите две години од мандатот.

    Во продолжение, погледнете ги настапите на Ковачевски и на Гајдов:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img