Главната комуникациска компанија во Газа потврди дека полека се обновуваат телефонските линии и интернет конекцијата. Израел продолжува да ги предупредува цивилите во оваа енклава да ја напуштат областа. Над градот Газа беа фрлени флаери кои ги предупредуваа жителите дека оваа област сега е „бојно поле“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека копнената операција во Газа е „втора фаза“ и дека војната со Хамас ќе биде „долга и тешка“. Тој потврди и дека израелските војници се распоредени низ појасот Газа, а жестокото бомбардирање продолжува. Војната на Израел против Хамас почнува да предизвикува сериозни критики, па турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел за воени злосторства, на што Нетанјаху луто одговори со повлекување на дипломатите и велејќи дека ИД е „морална армија“. Израел ја бомбардира Газа од 7 октомври, кога членовите на Хамас убија повеќе од илјада Израелци во напад и зедоа околу 200 заложници. Хамас секојдневно објавува колку Палестинци оттогаш биле убиени во израелските одмазднички напади, а бројката веќе надминала 8.000 жртви.