Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишната Данка Илиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, јавија српските медиуми.

Двајцата осомничени за убиството на малото девојче по кое сè уште се трага, со лисици на рацете се однесени во Обвинителството каде денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор истекува на 3 мај.

Вчера во Обвинителство беше и мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ, но таа во придружба на адвокатот го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ од селото Лук (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот се осомничени за брутално убиство на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, која спред нивното признание, прво ја удриле со службениот автомобвил, а потоа ја задавиле и телото го сокриле на локација која не ја откриваат. Полицијата веќе 14 дена континуирано трага по телото на 2-годишното девојче. Осомничлените за убиството по сослушувањето во Обвинителството, ќе бидат на стручно мислење во психијатриска болница, јавуваат српските медиуми.

„Притворот на осомничените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, истекува на 3 мај. Ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, штом ќе се исполнат условите“ – наведуваат во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.

Јанковиќ и Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, на 26 март биле на работна задача, кога во Бањско Поље исчезнала 2-годишната Данка Илиќ.

Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле во дива депонија на Старобањска, од каде два дена подоцна Дејан заедно со неговиот татко Радослав (73) и сега починатиот брат Далибор Драгијевиќ (40), го префрлиле на друга, засега непозната локација, пишува Телеграф.

Share This Article