More

    Во текот на ноќта биле погодени четири руски нафтени рафинерии

    spot_img

    Украина во текот на ноќта нападнала неколку руски области со беспилотни летала. Дрон паднал на рафинеријата Илск во Краснодар, по што избил пожар. Медиумите јавуваат дека има и повредени.

    Оштетена е зградата на автобуската станицва Јужни и неколку возила. Гувернерот Венијамин Кондратјев соопшти дека едно лице загинало кога осттоците од беспилотното летало паднало врз котларницата на автобуската станица.

    „Беспилотни летала нападнаа рафинерии за нафта во Афипски, Илски, Краснодар и Астрахан“, се вели во соопштението на украинските вооружени сили на апликацијата Телеграм.

     

     

    Руските вооружени сили претходно објавија дека денеска собориле 70 беспилотни летала над Црното Море и окупираниот украински полуостров Крим, 43 беспилотни летала над рускиот регион Краснодар и уште еден над рускиот регион Волгоград.

    Разузнавачки извор во Киев изјави за Ројтерс дека рафинериите во Афипски, Илски и Краснодар произведуваат гориво за руската Црноморска флота и дека операцијата со беспилотни летала насочена кон нив била спроведена заедно со Службата за безбедност СБУ.

    – Оштетувањето на овие рафинерии значително ќе ја усложни логистиката на полнење гориво, што ќе го направи поскапо и одзема многу време, бидејќи тоа ќе треба да го направат другите рафинерии – рече изворот.

    Украинските вооружени сили, исто така, соопштија дека мета биле радарски станици и центри за собирање електронски разузнавачки информации во регионот Брјанск и во окупираниот Крим. Во соопштението не се прецизира точно кои се овие центри.

     

     

    Погодени се и магацини и објекти за лансирање на беспилотни летала, командни и контролни центри во руската област Краснодар, според истиот извор, кој додава дека во тие објекти биле потврдени експлозии и пожари.

    Изворот рече дека нападот со беспилотни летала бил насочен кон тренинг центар во градот Јеиск во Краснодарската област што го користи Русија за напади со беспилотни летала против Украина.

    Украинските вооружени сили, во своето соопштение, ја презедоа одговорноста за нападите со беспилотни летала извршени врз капацитети за складирање гориво во руските региони Тамбов и Антигеа.

    Денешните напади со беспилотни летала дојдоа откако Русија го изведе последниот во серијата воздушни напади врз украинските енергетски постројки, предизвикувајќи прекин на струја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img