More

    Во текот на ноќта, американската војска изврши повеќе напади врз движењето Хути во Јемен

    spot_img

    Во текот на ноќта, американската војска изврши повеќе напади врз движењето Хути во Јемен. Американската централна команда (Центком) во соопштение вели дека нејзините сили погодиле крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои „биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвеното Море“, јавува Би-Би-Си.

    Ова беше втор круг напади во Јемен во текот на викендот откако САД соработуваа со војската на Велика Британија за да извршат слични воздушни напади во саботата.

    Заедничките напади на САД и Велика Британија во саботата го осветлија ноќното небо на југот на главниот град на Јемен, Сана, при што еден активист за човекови права и локален жител изјави за Би-Би-Си дека куќите се тресат.

    Нападите следат по континуираните напади на групата поддржана од Иран во Црвеното Море врз воени и трговски бродови.

     

     

    Нападите на Хутите ги принудија големите бродски компании низ светот да го избегнуваат брзиот воден пат и ги принудија бродовите да минуваат околу Рогот на Африка за да пристапат до Европа.

    Официјалните претставници на Хутите изразија пркосен тон како одговор на нападите предводени од САД – и ветија дека ќе одговорат. Реагирајќи на саботните напади, воениот портпарол на групата, Јахја Сареа, на Икс напиша:

    „Овие напади нема да нé одвратат од нашиот морален, религиозен и хуманитарен став за поддршка на отпорниот палестински народ во Појасот Газа и нема да останат без одговор или неказнети“.

    Сер Џон Соерс, поранешен постојан британси амбасадор во Обединетите нации изјави дека Иран го „искористува палестинското прашање“ за да ја наметне својата сила во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img