More

    Во страшната несреќа кај Катланово се повредени 5 лица кои завршиле во болница

    spot_img

    Тројца загинати и пет повредени е резултат на тешката сообраќајна несреќа што се случила кај тунелот Катланово, велат извори од МВР за Плусинфо.

    Несреќата, во која се превртело патничко комбе, се случила во 17:45 часот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо потврдуваат дека кај тројца е констатирана смрт, а петмина се префрлени во болница за лекарска помош. На местото на несреќата веднаш се упатени полициски екипи и јавен обвинител.

    Неофицијално дознаваме дека патичнкото возило било на некоја компанија која превезувала работници.

    Околностите и точните причини за оваа стравична несреќа допрва ќе се утврдуваат.

    По инцидентот, на автопатот се создадоа огромни колони, бидејќи сообраќајот е блокиран. Возилата се пренасочуваат по стариот пат од Петровец до Велес, а на располагање е и опцијата преку Миладиновци – Свети Николе – Штип – Велес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img