Три лица синоќа биле застрелани пред барот во Лос Анџелес во кој настапувал Џастин Бибер, јавуваат странските медиуми.
Престрелката избила по настапот, а според полицискиот извештај 3 лица биле застрелани, а 1 лице е повредено. Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.
Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми.
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Бибер се видени како брзаат да го напуштат барот по пукањето.