More

    Во Германија, Австрија, Белгија и Малта, 16-годишниците првпат гласаа на изборите за Европскиот парламент

    spot_img

    Во Германија, Австрија, Белгија и Малта, 16-годишниците првпат гласаа на изборите за Европскиот парламент, откако старосната граница за гласачите беше намалена за две години. Во Грција старосната граница е намалена на 17 години, а резултатите од изборите покажуваат промена во начинот на размислување на младите за избор на политички опции.

    На претходните европски избори пред пет години, тинејџерите ширум Европа масовно излегоа на улиците, протестирајќи за политиките за заштита на климата. Немаа право на глас, но реагираа на одлуките кои ќе им го дефинираат животот со години.

    Анкетите покажуваат дека младите луѓе (обично на возраст меѓу 18 и 24 години) во демократиите од двете страни на Атлантикот повеќе гласаат за левичарски, прогресивни партии отколку за оние од десницата. Поради ова, европските конзервативци долго време се противеа на тоа да им се даде глас на 16 и 17-годишници, иако на постарите тинејџери законски им е дозволено да работат и во некои случаи поседуваат возачка дозвола.

    И навистина, на изборите за Европскиот парламент во 2019 година, најмладите гласачи излегоа во голем број, изразувајќи ја својата загриженост за глобалното затоплување и придонесувајќи за т.н. „зелен бран“. Третина од младите во Германија гласаа за Зелените.

    Денес приказната е сосема поинаква. Многу млади луѓе во Германија го дадоа својот глас за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД). На овие избори за АфД гласаа 16% од гласачите во возрасната група од 16 до 24 години, што е за 11% повеќе од пред 5 години. Треба да се напомене дека мнозинството тинејџери не гласале за екстремната десница, но зголемувањето на бројот на оние кои гласале е сепак алармантно и застрашувачки, анализира Си-Ен-Ен.

    Иако АфД претрпе серија скандали во последните месеци, од познатите обвинувања за флертување со неонацизмот, предлогот за депортации за германските граѓани кои не се родени во Германија, па до истрагите за членовите на партиите кои учествуваа во насилство и поттикнуваа омраза, АфД сепак освои огромен број гласови на изборите.

    Но, ова свртување на германската младина надесно не доаѓа само така изненадно. Германските истражувања покажуваат општо незадоволство од економските и политичките услови по пандемијата.

    – Се чини дека пандемијата на коронавирусот ги иритира младите поради неспособноста на владетелите да се справат со иднината, што се рефлектира со длабока несигурност – велат аналитичарите.

    Најважните прашања за младите се личните финансии, наоѓањето квалитетно вработување, здравството, домувањето и општествено признание.

    Младите, како и добар дел од нивните постари сограѓани, се разочарани од неуспехот на политиките на традиционалните партии на десниот и на левиот центар и се склони својот глас да го дадат за националистичките и десничарските опции, кои не нудат вистински решенија, но успеваат да разбудат емоции и револт кај гласачите, во што многу помогнаа и социјалните мрежи.

    Растечкиот тренд на популарност на десницата кај младите не е присутен само во Германија. Регистриран е и во Португалија, Италија, Франција, Холандија и во Шведска.

    Аналитичарите објаснуваат дека младите можат да бидат особено импулсивни и емотивни при изборот на политичките опции. Разбирливо е нивното незадоволство од бавното економско закрепнување, пандемијата што неправедно ги казни и глобалните кризи.

    Сепак, очигледно е дека екстремно десничарските партии како АфД немаат решенија за тешки и сложени прашања, а гласањето за нив некако ја спречува демократијата да ги реши сопствените недостатоци. Гласањето во знак на протест за вакви партии може да биде опасно и да ја загрози иднината на младите луѓе кои со право се плашат во моментов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img