Во атарот на село Танушевци, вчера полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, забележале лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово.
Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода, информира МВР.
Утврдено е дека станува збор за Б.С.(29) од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело „учество во странска војска“.