ВМРО-ДПМНЕ: Во Гимназијата ниту се укинати малите одмори помеѓу часовите, ниту е вистина информацијата за недисциплина на учениците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Левица како продолжена рака на СДСМ стана главен ширач на лаги и дезинформации мислејќи дека така ќе биде поинтересна за охриѓани.

Опседнати со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков на безобразен начин со навреди и клевети се обидуваат да ги нарушат угледот на Директорката и ОСУ ,,Свети Климент Охридски“. Но, фактите говорат дека во Гимназијата ниту се укинати малите одмори помеѓу часовите, ниту е вистина информацијата за недисциплина на учениците.

Политичкиот центар за лаги Левица пред да објави нешто треба најпрвин истото да го провери, а во конкретниот случај не постои никаква Одлука донесена од страна на Гимназијата.

Ако толку се сигурни тогаш јавно ја повикуваме советничката Виолета Аврамоска да ја објави Одлуката, која не постои, и ако има малку доблест ќе им се извини и на учениците и на раководството.

Аврамоска како вистински циркузант крајно време е да престане да прави претстави, затоа што токму за таквите лаги само се расправа со кривични пријави.

Ѝ порачуваме партиските препукувања да си ги зачува за себе, да не ја понижува советничката функција и да ги тргне рацете од образованието.

Охриѓани ја гледаат неспособноста на советничката која секојдневно ги навредува без нималку срам иако е платена токму од нивните пари.

Убаво ќе беше фолирантите од Левица да ја забележат преродбата во Гимназијата, но за жал ништо не напишаа за промените и инвестициските зафати што се одвиваат со цел да се подобри воспитно-образовниот процес.

Ако некој е олицетворение за погрешни директорски решенија тогаш тоа е Левица затоа што има измерено дека Македонија вреди 5 директорски места.

- Advertisement -
Ad image

Левица ги кочи проектите и работи на штета на охриѓани, но ние продолжуваме да реализираме проекти посветено и одговорно.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Share This Article