СДСM и ДУИ ja повторуваат практиката од Македонска навигација овојпат во ФЗОМ – ги шиканираат постоечките вработени за да примат нови партиски кадри – обвини денеска на прес конференција Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати. Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДСМ и ДУИ. Недозволиво поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ е да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори.
Несомнено, се наметнува впечатокот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори. Истата стратегија од М-НАВ се пресликува сега и во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и се полни со партиски кадри. ВМРО-ДПМНЕ бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ – рече пратеникот Ристески.