More

    ВМРО ДПМНЕ : Од денес започнува последната битка за Македонија, 20 часот пред влада, за промените кои се во твои раце!

    spot_img

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати повик до граѓаните денеска во 20 часот да излезат на големиот сенароден митинг пред Владата.

    „Од денес започнува последната битка за Македонија, 20 часот пред влада, за промените кои се во твои раце

    6 и пол години Македонија понижувана, угнетувана, ограбувана. СДС уништи се, и ја уназади Македонија.

    За 6 и пол години колку што е СДС на власт растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека 6 и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе од ова.

    6 и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенции доцнат.

    Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените.

    Ги повикуваме сите граѓани во 20 часот на платото пред Влада на голем сенароден митинг да и порачаме на власта дека нејзиното време заврши.

    ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце“ – стои во повикот од ВМРО-ДПМНЕ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img