More

    Сицилија го собори температурниот рекорд во Европа

    spot_img

    Метеоролошката агенција на Обединетите нации потврди дека отчитувањето на 48,8 степени Целзиусови на Сицилија пред две години е највисоката температура досега забележана во Европа.

    Светската метеоролошка организација соопшти дека оваа температура е измерена на 11 август 2021 година, во време кога температурата во голем дел од Европа била во пораст.

    Оваа вредност го надмина претходниот европски рекорд од 48 степени, што беше забележан во грчките градови Атина и Елефсини во јули 1977 година.

    Рекордот на Сицилија од 2021 година се заснова на временски набљудувања и за прв пат беше објавен во Меѓународниот весник за климатологија.

    Рендал Червени, кој известува за климатските и временските екстреми за Светската метеоролошка организација, рече дека потврдата уследила по долга и внимателна истрага, пренесе агенцијата PA.

    „Оваа истрага покажува алармантна тенденција да се постават рекорди за високи температури во одредени региони во светот“, предупреди Червени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img