ВМРО-ДПМНЕ: Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ на фирми кои не се достапни за институциите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ на фирми кои не се достапни за институциите.

Овде постои сериозен сомнеж за криминал кој не е можен без знаење и дозвола од високи функционери од власта на ДУИ и СДСМ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила.

Имено, документите покажуваат дека освен струмичката фирма Актико, и друга струмичка фирма Хантонос, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски граѓани, откако претходно крајно сомнително повратиле вкупно 22 милиони евра по основа на ДДВ. Методот на малверзација е ист. Двете новоосновани компании набавуваат роба од неверојатни 50 милиони евра, добиваат право на одбивка на данок од по 11 милиони евра и после се продаваат на мистериозни лица од Косово, кои не се достапни ниту за УЈП, ниту за македонските институции.

Прво, како е можно за УЈП и за македонските институции да не биде сомнително две новоосновани компании да увезуваат роба од по 50-тина милиони евра?!

Второ, зошто овие компании не биле проверени, пред да добијат право на одбивка на данок од 11 милиони евра?!

Трето, зарем за институциите не им било сомнително како една екстремно „успешна“ компанија да се продаде преку ноќ после добивањето на средствата?! Како е можно толку сомнителна купопродажба да помине под радарот на институциите и истите компании и сметководства потоа да станат недостапни за надлежните?!

Овде се работи за два случаи со 22 милиони евра, кои сега со леснотија Лукаревска и УЈП ги ставаат само на листата на должници. Овде постои сериозен сомнеж за криминал кој не е можен без знаење и дозвола од високи функционери од власта на ДУИ и СДС. Лукаревска треба да знае дека таа е одговорна што оваа разработена шема се случила и порано или подоцна ќе треба да дава одговори“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article