Влијателен твитерџија е меѓу уапсените педофили во Србија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во полициската акција „Армагедон“ денеска на цела територија на Србија се уапсени група педофили и сексуални предатори, кои злоупотребувајќи го интернетот вршеле злосторства врз девојчиња и момчиња, а според српски Курир, еден од нив, В.Б. (57), е влијателен твитерџија, пренесува Н1.

Уапсениот твитерџија има речиси 10 илјади следбеници на својот профил, а секојдневно објавува и е многу активен. Уапсен е со група други предатори, меѓу кои и повратници, чии жртви биле деца на возраст од 3 до 14 години, пишува Курир. Тие ги наоѓале децата преку социјаните мрежи, а потоа си разменувале експлицитни фотографии меѓу себе.

Неговите објави се претежно критики за власта и фотографии на високи државни функционери, новинари и уредници на медиумите. Секоја објава има десетици коментари и повеќе од 100 реакции.

Во акцијата се одземени компјутерите на осомничените и прибавени се конкретни материјални докази за одредени кривични дела.

Share This Article