Владата утре ќе ја разгледа можноста за ограничување на цените на одредени производи коишто се потребни за почеток на учебната година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека во владата веќе се работи на анализа која треба да биде готова во текот на денешниот ден, по што веднаш ќе се најде на седница на влада.
– Мислам дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, односно лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година – рече Мицкоски.