More

    Ќе има време кога Киев ќе седне да преговара, вели Путин

    spot_img

    Украинската провокација во Курск не го спречи напредувањето на руската армија во Доњецк, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин при посетата на училиште во Кизил.  Тој нагласи дека Русија напредува исклучително брзо во регионот на Доњецк.

    – Сега не зборуваме за поместување двесте или триста метри напред, туку зборуваме за квадратни километри – посочи Путин и додаде дека руските вооружени сили одамна немаат вакво офанзивно темпо во Донбас, пренесува РИА Новости.

    Рускиот претседател посочи и дека Москва не може да дозволи во близина на земјата да се создадат „непријателски структури кои прават агресивни планови против неа и постојано се обидуваат да ја дестабилизираат Русија“.

    Путин нагласи дека со тек на време, режимот во Киев ќе има желба „навистина, не со зборови, туку со дела“ да премине на преговори и да го заврши конфликтот со мирни средства.

    – Никогаш не се откажавме од ова, но, се разбира, мора да се справиме со овие бандити кои влегоа на територијата на Руската Федерација, имено во регионот Курск, и нивните обиди да ја дестабилизираат ситуацијата во граничната област во целина – изјави рускиот лидер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img