More

    Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени досега на Клиниката за урологија

    spot_img

    Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени досега на Клиниката за урологија, информираше денеска директорот Сашо Дохчев на прес-конференција.

    – Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични. Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите – појасни Дохчев.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека во декември, успешно била изведена јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка, која била во тешка состојба.

    – Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека се враќа на секојдневните животни активности – додаде министерот.

    Меџити најави и реновирање на Урологија.

    На прашањето колку пациенти чекаат на листа, професор доктор Гоце Спасовски рече дека пет пара се спремни за жива трансплантација, околу 120 луѓе за кадаверична.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img