More

    Една жена е тешко повредена откако три возила се судрија кај Групчин

    spot_img

    На регионалниот пат Тетово – Скопје, во близина на месноста Групчин, синоќе околу 21:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „фолксфаген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од скопско Бојане, „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Ј.Ј.(58) од тетовско Ларце и „опел“, исто така, со тетовски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(35) од тетовски Лисец.

    Во несреќата сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од Лисец е тешки повредена, а возачот на опелот и сопатничката од возилото „мерцедес“, Ф.Ц.(49) има полесни телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово откако изврши увид на местото на несреќата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img