More

    Повеќе од 15.000 загинати во земјотресот, Ердоган ги призна грешките

    spot_img

    Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 15.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

    Ердоган призна дека имало грешки
    Турскиот претседател призна дека имало „неуспеси“ во одговорот на неговата земја на разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 15.000 луѓе. Реџеп Таип Ердоган се соочува со растечки критики од семејствата кои останаа фрустрирани од бавната реакција на спасувачките тимови, додека надежта дека ќе се најдат повеќе преживеани се намалува.Многу Турци се пожалија на недостаток на опрема, експертиза и поддршка за помош на заробените – оставајќи ги беспомошни додека слушаа лелек под урнатините. За време на посетата на провинцијата Хатај, каде што загинаа повеќе од 3.300 луѓе и беа уништени цели населби, Ердоган рече: „Не е можно да се биде подготвен за таква катастрофа. Нема да оставиме ниту еден наш граѓанин без грижа“.

    Поминаа 72 часа од земјотресот
    „Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот се спасени во првите три дена по земјотресот“, изјави Илан Келман, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

    Поминаа 72 часа откако разорните земјотреси ги погодија Турција и Сирија.

    „Генерално, земјотресите не убиваат луѓе. Уривањето на инфраструктурата убива луѓе“, рече професорот.

    Еден од клучните фактори е времето, кое, вели Келман, е целосно против спасувачките тимови бидејќи температурите често се под нулата. „За жал, тоа значи дека е можна и хипотермија и дека луѓето, за жал, исто така умираат поради временските услови“, рече Келман.

    На оние кои ќе успеат да ја преживеат зимата и повредите им треба храна и вода. Без вода многу луѓе ќе почнат да умираат на третиот, четвртиот или петтиот ден по земјотресот, вели овој професор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img