Советот на јавни обвинители в понеделник ќе одлучува и за иднината на досегашната шефица на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и коурпција, Вилма Русковска.
Неофицијално, обвинителката најверојатно ќе се врати во скопското обвинителство, каде што шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, но нема веднаш да почне со работа, бидејќи сѐ уште има важечка суспензија, додека не заврши истрагата за случајот со Арафат Муареми.
На седницата в понеделник ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје.
На огласот беа пријавени тројца кандидати: актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, ја повлече својата кандидатура.