More

    ДУИ тврди дека Опозицијата спрема руско сценарио по 8 Мај

    spot_img

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, и предупредува на руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај, соопшти партијата.

    „Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и Левица на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ‘Вреди’ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата. Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи сѐ што е против тоа значи оддалечување од Европската Унија и приближување до Москва и до Путин“, се наведува во соопштението на ДУИ.
    ДУИ ја поздравува одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите на 24 април и 8 мај со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, бидејќи смета дека овие избори ќе бидат одлучувачки за иднината на земјата – да се каже „ДА на Европа, НЕ на Русија“.

    „Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз“, се додава во соопштението на ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img