Во раните попладневни часови, руските сили со часови ја напаѓаа областа пред Киев со хеликоптери.На видеото објавено на АП се гледа како воени хеликоптери ја напаѓаат украинската територија.
Министерството за внатрешни работи на Украина извести дека Русија ја презела контролата врз меѓународниот аеродром Антонов во Хостомел по голема операција на воздушен напад со хеликоптери Ми-8. Градот е на само 23 километри од Киев.